Кајли Џенер е на прагот да стане најмладиот милијардер на светот на само 20 години и тоа во голема мера се должи на нејзиното огромно влијание на социјалните мрежи.

Најмладиот член на кланот Кардашијан-Џенер пред две години лансираше козметичка компанија и масовно ги искористи Инстаграм и Твитер за промоција на производите, па за кратко време заработи богатство од 900 милиони долари. Кајли сега има 110 милиони следбеници на Инстаграм, каде што една нејзина објава вреди милион долари.

„Социјалните мрежи се неверојатни, затоа што имам многу лесен пристап до моите фанови и муштерии“, вели Џенер.

Но, таа не е единствената ѕвезда на социјалните мрежи која заработува милиони благодарение на своите следбеници.

Кјара Ферањи е една од највлијателните модни блогерки на светот (Фото: Гети)

  • Зоела е модна блогерка која отвори канал на Јутјуб кога имаше само 19 години. Сега има 38,6 милиони следбеници и богатство од 2,5 милиони фунти. Од едно спонзорирано видео таа може да заработи и 250.000 фунти.
  • Пјудипи е ѕвезда на Јутјуб со 100 милиони следбеници. „Тајм“ го именуваше 28-годишниот шведски коментатор на видеоигри како една од стоте највлијателни личности на светот. Неговото богатство се проценува на 15 милиони фунти.
  • Хада Катан (Фото: Гети)

  • Хада Катан е исто така многу влијателно име во светот на модата и убавината. Нејзините објави на Инстаграм имаат во просек 400.000 прегледи. Сега има 32 милиони следбеници и богатство од 480 милиони фунти.
  • Папи Џијанг е најславната кинеска интернет личност, чии домашни видеа на разни теми имаат 44 милиони следбеници, што ѝ донесе богатство од 11 милиони фунти.
  • Кјара Ферањи е уште една влијателна модна блогерка, со 13 милиони следбеници и богатство од 7,5 милиони фунти.
  • Леле Понс ги имаше најгледаните приказни на Инстаграм за минатата година. Моделот роден во Венецуела има над 20 милиони следбеници и богатство од 2,2 милиони фунти.
  • Контроверзниот Логан Пол заработи 10 милиони фунти од своите видеа прво на Вајн, а потоа на Јутјуб. Тој може да се пофали со 53 милиони следбеници.