Прв стриминг сервис наменет за мобилни телефони беше лансиран завчера, и покрај грижите дека пандемијата на коронавирусот би можела да влијае врз гледаноста.
Компанијата „Квиби“ собрала 1,8 милијарди долари за проектот, кој треба да биде нов ривал на „Нетфликс“ и Јутјуб.
Сериите на „Квиби“ траат 10 минути или пократко, а филмовите се поделени на сегменти, при што платформата успеа да привлече низа големи ѕвезди, како Стивен Спилберг, Џенифер Лопес, Идрис Елба и Софи Тарнер.
Корисниците ќе ги гледаат содржините на своите смартфони, а опцијата Turnstile овозможува видеото да остане на цел екран и вертикално и хоризонтално.
Месечна претплата чини 4,99 долари со реклами, односно 7,99 долари без нив.