МАСК ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ЛАЖНИТЕ ПРОФИЛИ НА ТВИТЕР СО МЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА ОД ОСУМ ДОЛАРИ

Сан Франциско, (Би-Би-Си)

Илон Маск потврди дека сината ознака покрај името на корисникот на Твитер отсега ќе се наплаќа осум долари месечно, што е една од првите големи промени на оваа социјална мрежа откако ја купи компанијата за 44 милијарди долари. Со оваа ознака се потврдува веродостојноста на профилот и Маск кажа дека нејзиното плаќање е од суштинско значење да се поразат спамови и лажни профили.

Сината ознака, која вообичаено се однесува на јавни личности, досега беше бесплатна. Критичарите сметаат дека овој потег може да го отежни идентификувањето на сигурни извори.

Моќ на луѓето! Сино за осум долари месечно“, кажа Маск, кој пред неколку дена се назначи за единствениот директор на „Твитер“.

Сината ознака досега се добиваше со пополнување на краток онлајн формулар и беше резервирана за корисниците чиј идентитет би можел да биде лажиран, како политичари, новинари и славни личности. Компанијата го воведе овој систем во 2009 откако се соочи со тужба.

(Фото: АП)