НАД 1.200 ДРОНОВИ ГО ОСВЕТЛИЈА НЕБОТО НАД ПЈОНГЧАНГ ЗА НОВ ГИНИСОВ РЕКОРД

Пјонгчанг, (Мешабл)

Над 1.200 дронови направија вистинско светлечко шоу на небото над Пјонгчанг на вчерашната церемонија на отворањето на 23. Зимски олимписки игри.

Организаторите соопштија дека со тоа бил поставен нов Гинисов рекорд за најголема бројка на употребени дронови во исто време, надминувајќи го рекордот од 2016 година, кога во Германија летаа 500 беспилотни летала. При двата рекорда беа вклучени дроновите „шутинг стар“ на „Интел“.

Секој од овие пластични дронови е опремен со ЛЕД-светла, кои создаваат повеќе од четири милијарди комбинации на бои. Флотата е контролирана од еден компјутер и од еден пилот.