НАСА ВОСПОСТАВИ КОНТАКТ СО СОНДА ОДДАЛЕЧЕНА НАД 13 МИЛИЈАРДИ КИЛОМЕТРИ

Понекогаш се мачиме со сигналот во нашата земја, а НАСА успеа да воспостави контакт со сонда, оддалечена повеќе од 13 милијарди километри.

НАСА беше загрижена дека Земјата веќе нема да може да комуницира со „Војаџер 1“, бидејќи неговите ротирачки генератори се истрошени, па затоа беше испробан резервен план.

Тимот на „Војаџер“ избра необично решение, па запали четири резервни генератори, што не беа користени од 1980 година.

„Со овие генератори, кои се сѐ уште функционални по 37 години, ние ќе бидеме во можност да го продолжиме животот на мисијата на ‘Војаџер‘ за уште две-три години“, изјави проект-менаџерот на „Војаџер“ при НАСА, Сузан Дод.

Дали успеала во својот обид, НАСА дознала за 19 часа и 35 минути, колку што требаше резултатите да пристигнат до Земјата: четирите генератори работат беспрекорно. Со нивна помош, сондата се сврте во правец кон Земјата, па неговите антени повторно ќе можат да испраќаат сигнал кон неа.

„Војаџер 1“ и „Војаџер 2“ беа лансирани во 1977 година со 16 дена разлика. „Војаџер 1“ е објект направен од човекот што најдалеку отиде во вселената, додека неговиот брат-близнак се очекува да навлезе во меѓуѕвездениот простор во наредните години.