НОВИОТ СМАРТФОН НА „МАЈКРОСОФТ“ Е НОВА КАТЕГОРИЈА ВО МОБИЛНАТА ТЕХНОЛОГИЈА

Њујорк, (Дезин)

„Мајкрософт“ го претстави дизајнот на „Surface Duo“, својот нов смартфон со два екрана што може да се преклопи како книга.

Екраните од 14,2 сантиметра креираат мал таблет уред, кој користи Андроид на „Гугл“, место Виндоус на „Мајкрософт“. На двата екрана во исто време можат да работат различни апликации. Телефонот исто така може да се сврти во пејзажен режим, со што се добиваат тастатура и екран на мал лаптоп, а така може да се користи и како контролор за видеоигри.

„Surface Duo“ може да се користи и како мал лаптоп и контролор за видеоигри

Иако може да служи за повици, од „Мајкрософт“ велат дека уредот не е телефон, туку Surface – нова категорија на лична мобилна технологија. „Surface Duo“ ќе биде во продажба од крајот на следната година.

„Мајкрософт“ го претстави и својот нов лаптоп со два екрана „Surface Neo“, кој е тенок само 5,6 милиметри.