„САМСУНГ“ НАЈАВИ СМАРТФОНИ СО МЕМОРИЈА ОД ЕДЕН ТЕРАБАЈТ

Сеул, (Мешабл)

„Самсунг“ ги потврди шпекулациите дека „галакси С010“ би можел да има мемориска картичка од еден терабајт. Компанијата објави дека почнала масовно производство на својата картичка 1ТБ еУФС, каква што ќе се користи во смартфони во иднина.

На „Самсунг“ му требаа четири години за да го зголеми капацитетот на својата картичка од 128 гигабајти на еден терабајт и притоа таа да остане доволно ситна за да може да влезе во смартфон.

„Тоа ќе биде доволно да складирате 260 десетминутни видеоснимки во 4К резолуција. Колку за споредба, во типичните смартфони со 64 гигабајти максимумот е 13 вакви видеа“, велат од „Самсунг“.

Новиот чип не само што има поголем капацитет, туку е и побрз и трансферот може да достигне брзина од 1.000 мегабајти во секунда.