СНЕПЧЕТ МАСОВНО ГУБИ КОРИСНИЦИ ПОРАДИ НОВИОТ ИЗГЛЕД

Њујорк, (Гардијан)

Масовно непопуларниот редизајн на Снепчет продолжува да ѝ штети на компанијата.

Компанијата „Снеп“ објави дека апликацијата изгубила три милиони активни дневни корисници, што најмногу се должи на контроверзниот нов дизајн.

„Чувствуваме дека мораме да ја изразиме нашата најголема фрустрација досега и гладни сме да направиме поголем прогрес од оваа неверојатна можност што ни се нуди. Една од најважните работи на новиот дизајн е што вистинските содржини стигнуваат до вистинските луѓе најбрзо што може“, изјави извршниот директор на компанијата Еван Шпигел.

Тој додава дека со новиот дизајн се зголемил бројот на корисници постари од 35 години, што била главната цел на компанијата.

Новиот дизајн, кој бил одобрен од самиот Шпигел, предизвика незадоволство кај корисниците и петицијата за враќање на стариот изглед собра еден милион потписи.

Апликацијата изгубила три милиони корисници во последните три месеци, тренд што би можел да продолжи и во следниот период.

Во исто време, најголемиот конкурент Инстаграм се пофали дека ја надминал бројката од една милијарда корисници.