ТИКТОК ПРАВИ АПЛИКАЦИЈА ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ ФОТОГРАФИИ СО КОЈА БИ МУ КОНКУРИРАЛ НА ИНСТАГРАМ

Њујорк, (Би-Би-Си)

ТикТок ќе се обиде да му конкурира на Инстаграм со нова апликација за споделување фотографии. Од компанијата кажаа дека работат на „простор посветен на фотографии и текст“.

Некои корисници веќе добиле известување дека ако сакаат, нивните фотографии ќе бидат споделени во новата апликација TikTok Notes.

Пред четири години, Инстаграм ја лансираше видеоалатката Reels налик на ТикТок, па ова е уште еден пример за копирање производи помеѓу социјалните медиуми.

Од ТикТок кажаа дека сѐ уште не е довршен дизајнот на Notes и не е познато кога официјално ќе почне да се користи.