КАРОЛИНА ГОЧЕВА СО КОНЦЕРТ ВО ВЕЛЕС НА 27 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Поп-ѕвездата Каролина Гочева ќе одржи концерт во Велес, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на 27 април од 21 часот, објави „Авалон продукција“.
„По распродадените концерти во март во Скопје, Гевгелија, Струмица и Крива Паланка и претстојните концерти во Куманово и Охрид, Каролина доаѓа во Велес со својата програма на најголеми хитови“, велат од продукцијата. 
Влезниците ќе бидат во продажба од утре на ticketx.mk, нивната продажна мрежа низ Македонија и на билетарницата на театарот.