ТВИТЕР НАЈАВИ ГОЛЕМА ЧИСТКА НА НЕАКТИВНИ ПРОФИЛИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Твитер најави големо бришење на неактивни профили на својата платформа.

Ова ќе се однесува на сите корисници кои не го отвориле својот профил во последните шест месеци и ќе бидат засекогаш избришани ако не го направат тоа до 11 декември.

„Со ова сакаме да ги мотивираме корисниците да бидат поактивни на платформата, но и да презентираме поточни и поверодостојни информации на кои што ќе може да се верува. Бришењето нема да се случи во еден ден, туку ќе се одвива низ неколку месеци“, соопшти компанијата.

Оттаму додаваат дека избришаните кориснички имиња потоа повторно ќе можат да се користат од други.