Јапонските пратеници носеа пластични шлемови на вчерашната седница на парламентот, вежбајќи како да се заштитат во случај на земјотрес.

Пластичната заштитна опрема на склопување беше воведена во парламентот пред две години и е сместена под пратеничките столчиња.

(Фото: Кјодо)

Вежбата ја водеше спикерот на Долниот дом на парламентот Тадамори Ошима, кој им објасни на пратениците од власта и опозицијата како се користат шлемовите.

„Никогаш не се знае кога земјотресот може да удри. Сакам да бидете подготвени“, кажа Ошима.

Вакви вежби се вообичаени во јапонските училишта, бидејќи земјотреси често се случуваат во земјата. Во последниот катастрофален земјотрес, во 2011 година загинаа речиси 20.000 луѓе, откако тој предизвика и цунами.