ВЕЧЕРВА ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИТАРНИОТ ТВИТЕР КАЛЕНДАР ЗА 2019

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во скопскиот бар „Котур“ ќе биде промовирано новото издание на хуманитарниот #ТвитерКалендар.

По петти пат, десетина македонски твитерџики и твитерџии се разголеа за традиционалниот календар, а фотографиите се дело на Ѕвонко Плавевски.

„Календарот секоја година предизвикува голем интерес, не само меѓу Твитер заедницата, туку и кај пошироката јавност, бидејќи средствата собрани од продажбата се донираат во хуманитарни цели“, велат организаторите.