ВИБРАТОР НА ДАЛЕЧИНСКО МОЖЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРА И ОД ДРУГИОТ КРАЈ НА ЗЕМЈАТА

Лас Вегас, (Ројтерс)

Футуристички вибратор кој може да се контролира од друга соба, па дури и од другиот крај на земјата беше претставен на неодамнешниот саем на технологија ЦЕС во Лас Вегас.

Компаниите кои продаваат играчки за секс не секогаш биле лесно прифаќани на овој саем. Саки Данем, основачка на „OhMiBod“, вели дека во минатото нивните производи биле сместени во делот за бежични комуникации.

Новиот вибратор на компанијата преку Блутут се поврзува со апликација.

„Вие можете да бидете во Лас Вегас, а вашиот партнер во Њујорк и да го управувате вибраторот далечински“, појасни Данем.

Тој исто така може да вибрира во ритамот на музиката што сте ја пуштиле на смартфон. Во продажба ќе биде од март и ќе чини 109 долари.

Лора ДиКарло, извршна директорка на истоимената компанија, вели дека сексуалната технологија има за цел да им помогне на луѓето.

„Овие играчки се направени на еден здрав начин. Сакаме иновации кои се навистина иновативни, кои не го понижуваат женското тело“, изјави ДиКарло.