Рефик Анадол, угледниот уметник кој твори со вештачка интелигенција (ВИ), објави дека ќе го отвори првиот музеј на светот посветен на уметност создадена со ВИ, што ќе се наоѓа во Лос Анџелес. Тој вели дека музејот ќе го нагласи пресекот помеѓу човечката имагинација и креативниот потенцијал на машините.
Наречен Даталенд, високотехнолошкиот музеј треба да се отвори следната година и ќе се наоѓа близу Музејот на современата уметност, музејот Броуд и Филхармонијата, создавајќи простор за ВИ уметност меѓу некои од најзначајните културни установи во Лос Анџелес.
Анадол е уметник кој создава популарни, но и контроверзни дела со помош на ВИ кои се изложени низ целиот свет, дури и во Обединетите нации. И додека за вредноста на оваа уметност многу се дебатираше во изминатите две години, Анадол сака за уметниците како него да изгради простор за постојани изложби и ветува дека неговиот музеј ќе промовира етичка вештачка интелигенција.
„Лос Анџелес и Калифорнија се вистинското место за измислување нови светови. Во овој музеј нема да има ништо дистописко, тој е утописки. Музејот ќе ја нагласи иновативната работа на дигиталните уметници и ќе обезбеди простор за тековните научни и технолошки истражувања“, вели Анадол.