ВО МАРТ ПОТРОШЕНИ РЕКОРДНИ 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА ДИГИТАЛНИ ВИДЕОИГРИ

Њујорк, (АФП)

Потрошувачката на дигитални видеоигри достигна рекордни 10 милијарди долари во март, во време кога целиот свет е во изолација поради пандемијата на коронавирусот, објави „СуперДата“, фирма за анализа на пазарот.

На големите игри со конзола во март биле потрошени 1,5 милијарди долари, што е скок од 883 милиони во споредба со февруари. За игри кои се играат на компјутери со јака конфигурација, потрошувачката била зголемена за 56 проценти во споредба со 567-те милиони долари во февруари.

„Луѓето се ориентираат кон видеоигрите како достапна забава за време на кризата со КОВИД-19, а на овој начин одржуваат онлајн комуникација со други луѓе“, велат од „СуперДата“.