ВРЕДНОСТА НА БИТКОИНОТ ЗА ПРВПАТ НАДМИНА 80.000 ДОЛАРИ

Њујорк, (Ројтерс)

Најпознатата криптовалута на светот биткоин денеска за првпат надмина вредност од 80.000 долари, за што експертите велат дека е поттикнато од победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Тој во кампањата ветуваше дека ќе ги направи САД „крипто-престолнина на планетата“ и „светска суперсила на биткоинот“.

Биткоинот порасна за 65,4% во однос на годинашната најниска вредност од 38.505 долари, регистрирана на 23 јануари.

Со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, пазарот на криптовалути, особено биткоинот, почна да реагира, предвидувајќи потенцијални политики кои би можеле да ги фаворизираат овие дигитални средства. Техничките проекции ја ставаат цената на биткоинот меѓу 80.000 и 90.000 долари пред неговата инаугурација во јануари 2025“, кажа аналитичарот на пазарот на криптовалути Хавиер Молина.