Skip to content
    
    
        
    
    
        
            
                
                    
                        
                            
                                
    
        
                    
        
        
            
            Дојди, свои сме, јас – глад и ти прекор, обајцата до корен она што сме.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Галени деца и на трпеза се качуваат.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Врзи прст да најдеш лек, секоја баба ќе ти баи како што знаи.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Aко сонуаш да ти даит некој некое алиште кроено од бел шајак, ќе си добиел голема чес.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Една прачка полесно се крши, а повеќе помачно.
            
            
         
     
    
    
        
        
        
            
            Некое момче или мома ако одит со еден чорап, на едната нога обуена, а другата собуена, не ќе можи да се ожени или омажит.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Заврна снег, се покрија трагите.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            В есен ако заколиш свиња, види му ја сплинката. Ако му е наспред потесна и назад поширока, Зимата ќе била напред лесна а назад тешка и наопаку.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Водата спие, душманот не спие.