Откако биле раздвоени повеќе од 1.000 години, двајца викиншки воини од исто семејство повторно се обединија во Националниот музеј на Данска благодарение на ДНК анализата.

Еден од нив загинал во Англија во 11. век во свои 20-ти години, а другиот починал во Данска во 50-ти години. И на неговата глава биле утврдени траги од удари, што укажува дека исто така учествувал во битки. ДНК мапирањето на скелетите од викиншката ера, од 8. до 12. век, им овозможи на археолозите да откријат дека овие двајца воини биле роднини.

Тоа е значајно откритие зашто ни овозможува да го следиме движењето на истото семејство во времето и просторот“, изјави археологот Жанет Варберг.

Скелетот на помладиот викинг е меѓу 150 коски што Оксфорд ѝ ги позајми на Данска на три години. Историчарите се согласуваат дека данските викинзи почнале да ги напаѓаат Шкотска и Англија од крајот на 8. век.

Многу е ретко да се пронајдат скелети кои се роднински поврзани, освен ако не станува збор за кралски семејства. Сепак, невозможно е да се утврди во каква роднинска врска биле овие двајца викинзи. Можеле сешто да си бидат еден на друг“, изјави Варберг.