„Викторијас сикрет“ промовираше нова програма „ВС колектив“ во која нема да соработува со славните манекенки познати како „ангели“.

Брендот преку Инстаграм ја најави соработката со жени како актерката Пријанка Чопра Џонас, фудбалската ѕвезда Меган Рапино, фотографката Аманда де Кaденет, плус сајз моделот Палома Елсесер, скијачката Ајлин Гу и ЛГБТИ активистката и манекенка Валентина Сампајо.

„Горди сме што можеме да ја најавиме новата партнерска платформа #TheVSCollective, дизајнирана да ја обликува иднината на ‘Викторијас сикрет’. Овие исклучителни партнери со нивните уникатни приказни, интереси и страсти ќе соработуваат со нас за да создадеме револуционерни колекции, инспиративна содржина и нови програми од витално значење за жените“, соопшти брендот.

Славното шоу на „Викторијас сикрет“ за последен пат се одржа во 2018, бидејќи изданието за 2019 беше откажано.