НАЈГОЛЕМАТА ПЕШТЕРА НА СВЕТОТ ПОРАСНА НА 676 КИЛОМЕТРИ ПО ОТКРИВАЊЕТО НА НОВИ ХОДНИЦИ

Нешвил. (Лонли планет)

Најголемиот познат пештерски систем на светот стана уште поголем откако истражувачите открија и мапираа дополнителни 16 километри премини во националниот парк Мамутска Пештера во Кентаки, САД. Ходниците во Мамутска Пештера сега се простираат 676 километри во должина.

„Нема крај на откритијата во Мамутска Пештера“, стои на Твитер профилот на националниот парк.

Секоја година, волонтери од Фондацијата за истражување пештери го посетуваат паркот за да мапираат новооткриени ходници. Тоа е сложен процес во кој тие пешачат и се пробиваат низ темен и апстрактен подземен пејзаж, користејќи компаси и мерачи, по што собраните податоци се претвораат во мапа.

Ова не е првпат Мамутска Пештера да „порасне“. Таа влезе во книгите на рекорди во 1969 со 105 километри документирани ходници, а три години подоцна беше откриена врска со системот Флинт Риџ, што ја зголеми нејзината должина на 232 километри. Оттогаш, постојано се дадавани нови километри, како што се откриваа врските со други помали пештери.

Мамутска Пештера, која се истражува веќе 200 години, е огромен лавиринт формиран со ерозија на варовник и дом на 130 животински видови. Оддалечена 145 километри од Нешвил, таа се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО и секоја година ја посетуваат повеќе од два милиона луѓе.