ДОВРШЕН ГОЛЕМИОТ ЕГИПЕТСКИ МУЗЕЈ ВО ГИЗА, ЌЕ БИДЕ НАЈГОЛЕМИОТ МУЗЕЈ НА СВЕТОТ

Каиро, (Дезин)

Објавени се фотографии од долгоочекуваниот Голем египетски музеј во Гиза, кој конечно е довршен и треба да биде отворен подоцна оваа година. Музејот го проектираше ирското студио „Хенеган Пенг“.

Огромната зграда, позната и како Музејот Гиза, е изградена близу легендарните пирамиди. Со површина од 90.000 квадратни метри, тоа ќе биде најголемиот музеј на светот, што моментално е Лувр во Париз.

Музејот го нарача египетското министерство за култура и во него ќе бидат сместени 100.000 артефакти од древниот Египет. Меѓу нив се и антиквитетите од гробницата на кралот Тутанкамон, кои за првпат ќе бидат изложени во целост од пронаоѓањето во 1922. Ќе може да се види и 3.200 години стара скулптура на Рамзес Втори.

Плановите за музејот првпат беа објавени во 1992, но градежните работи почнаа дури 20 години подоцна и девет години откако ирското студио победи на меѓународниот конкурс. Во прв момент беше најавено дека ќе се отвори во 2018, но тоа беше поместено поради бројни политички и економски проблеми во земјата. Најновиот термин е крајот на пролет.