ДУБАИ ЌЕ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ПЕШАЧКИ ГРАД СО НОВА МРЕЖА ОД 6.500 КИЛОМЕТРИ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ

Дубаи, (Дезин)

Владетелот на Дубаи, Мохамед бин Рашид ал-Мактум, ги одобри плановите за Dubai Walk, мрежа од 6.500 километри пешачки патеки низ градот, што вклучува и издигната климатизирана кружна патека.

Во обид да го трансформира Дубаи во пешачки настроен град до 2040, мастерпланот содржи мрежа од континуирани патеки дизајнирани да дадат приоритет на пристапноста, безбедноста и удобното пешачење.

Кружна патека наречена The Future Loop ќе има 30.000 квадратни метри климатизиран простор и 30.000 квадратни метри засенчен надворешен простор, што ќе овозможи пешачење преку цела година.

Културните објекти во градот ќе бидат поврзани со јавен превоз и велосипедски патеки (Фото: Икс)

Издигнатата патека долга два километра ќе ги поврзува Музејот на иднината, Светскиот трговски центар Дубаи, кулите Емирати, Меѓународниот финансиски центар и тамошните метро станици.

Се планираат изградба на 3.300 километри нови патеки и реновирање на постоечките 2.300 километри до 2040 година. Културните објекти во градот ќе бидат поврзани со јавен превоз и велосипедски патеки, а ќе бидат изградени и 110 мостови и подвозници.

Дубаи е град на иднината, посветен кон креирање на здрава и среќна урбана околина. Dubai Walk промовира активен животен стил и на сите им дава можност за вежбање. Целта е Дубаи да стане еден од најздравите и најодржливи градови на светот“, кажа Ал-Мактум.