Евертон го претстави својот нов стадион со тест-натпревар на кој присуствуваа 10.000 луѓе. Изградбата на стадионот со 52.888 седишта траеше четири години и чинеше една милијарда долари.
Изграден на пристаниште, на стадионот ќе се играат мечеви од Европското фудбалско првенство во 2028, а Евертон целосно ќе се пресели на него на почетокот на следната премиерлигашка сезона.

„Кој и да го дизајнирал, завршил фантастична работа, зашто изгледа како трибините да се над тебе. Кога ќе биде полн следната сезона, ќе биде пеколно да се игра тука“, изјави тренерот на младинскиот тим на Евертон, Кит Саудерн.

„Гудисон парк“ беше дом на Евертон од 1882 година и последниот натпреварувачки меч тука ќе се одигра на 18 мај, кога ќе гостува Саутемптон. Стадионот потоа ќе биде урнат за да се направи место за деловно-станбени објекти.
(Фото: ПА)