ХОТЕЛ ВО ШВЕДСКА ЌЕ ДОБИЕ ВИСЕЧКА СОБА ОКРУЖЕНА СО 350 КУЌИЧКИ ЗА ПТИЦИ

Копенхаген, (Дезин)

Данското архитектонско студио „БИГ“ дизајнираше хотелска соба окружена со стотици куќички за птици. Наречена „Биосфера“, таа ќе биде осма соба на хотелот „Treehotel“, сместен во зафрлена шума во шведската покраина Лапонија.

„Со фасада со 350 куќички за птици, целта на ‘Биосфера‘ е да укаже на намалувањето на птичјата популација во шведските шуми и да ги зајакне биосферата и природното живеалиште“, кажаа од „БИГ“.

Хотелската соба, која има површина од 34 квадратни метри, ќе виси над земјата, а со шумското тло ќе биде поврзана со мост.