КАЛЈАРИ ЌЕ ГРАДИ НОВ СТАДИОН НА БРЕГОТ НА СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ ЗА ЕП 2032

Италија, (Анса)

Италијанскиот фудбалски прволигаш Калјари го претстави изгледот на својот нов стадион, што ќе комбинира најсовремен дизајн со неверојатна крајбрежна локација. „Калјари арена“ ќе има 30.000 седишта и ќе се гради на брегот на Средоземното Море, околина со каква што можат да се пофалат малку стадиони во светот.

Стадионот треба да биде готов во 2026, а шест години подоцна тука ќе се играат мечеви од Европското фудбалско првенство, што Италија ќе го организира заедно со Турција.

Локалните власти сметаат дека спојот на модерното и природната убавина ќе биде привлечен како за фудбалските фанови, така и за туристите. Овој проект се развива од 2022 и сега доби зелено светло за почеток на изградбата.