НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА ВО ЈАПОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ КРУНА НА ВРВОТ ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТИ КАКО ЈАВЕН ПЛОШТАД

Токио, (Дезин)

Највисоката зграда во Јапонија, облакодерот Факел во Токио, ќе има круна на врвот, објави архитектонското студио на Соу Фуџимото. Кулата висока 390 метри со тоа ќе добие огромен јавен плоштад со зеленило на врвот, како и простор од каде што ќе може да се набљудува градот.

Според Фуџимото, целта е кулата да стане место што ќе го користат луѓето, а не да биде само објект. Архитектот исто така вели дека сакаат да постават нова типологија за облакодери.

Откако ќе биде комплетирана, кулата Факел ќе има 63 спрата во височина и уште четири подземни. Предвидено е јавниот плоштад да се наоѓа на височина од 300 метри.