НОРВЕШКА ИЗГРАДИ МОСТ НАД СВОЈОТ НАЈПОЗНАТ ВОДОПАД

Осло, (Лонли планет)

Оние кои ќе поминуваат преку нов мост во Норвешка ќе уживаат во неверојатна глетка од високо. Овој пешачки мост поминува преку кањонот 50 метри над водопадот Верингсфосен, кој беше најпосетуваната природна атракција во земјата во 2018 година.

(Фото: Гети)

Долг 47 метри, мостот се помиува во стотина чекори, а се правеше повеќе од една деценија. Тој е дизајниран од норвешкиот архитект Карл-Виго Хелмебак и неговата конструкција претставува спој на архитектура, технологија, инфраструктура и природа.

Неколку услови влијаеја врз обликот на мостот. Тој мораше да биде цврст и безбеден, да се вклопува во стариот, историски пат и во пејзажот и да ги нагласува глетката и искуството“, вели Хелмебак.

Верингсфосен е можеби најпознатиот водопад во Норвешка, при што водата паѓа од висина од 182 метри. Мостот ги поврзува двете страни од долината, нудејќи поглед врз водопадот од птичја перспектива.