Дрвена кабина во форма на саќе, наречена Варден, е поставена на планината Сторфјелет во Норвешка. На барање на Норвешката планинарска асоцијација, норвешкото архитектонско студио „Спин аркитекте“ го дизајнираше засолништето, чија цел е да се поттикне планинарењето. Таа е направена така да може да ги издржи суровите поларни зими.

(Фото: Спин аркитекте)

„Варден е дизајнирана како одговор на арктичкиот пејсаж, за да може да се меша со планините и камењата. Исто така, сакавме дизајнот и изградбата да имаат минимално влијание на околината и да биде од одржливи материјали“, изјави дизајнерот Џејмс Додсон.

Кабината зафаќа простор од 15 квадратни метри и се состои од 77 уникатни дрвени плочи, кои формираат шема налик на саќе. Монтажните панели се дизајнирани така да можат лесно да се склопат „како 3-Д сложувалка“, дозволувајќи на група доброволци да ја транспортираат и ефикасно да ја соберат структурата на самото место.

(Фото: Спин аркитекте)

Внатрешноста е изработена од ламинат, за да создаде „топла и гостопримлива атмосфера“. Светлина се добива од мала печка со помош на свеќи и фенери.

(Фото: Спин аркитекте)