Архитектонското студио „Фостер+партнерс“ дизајнираше два станбени облакодера во Дубаи, високи по 180 метри, кои на врвот ќе бидат споени со базен. Тие ќе содржат 60 станови со панорамски поглед на изгрејсонце, зајдисонце и највисоката зграда на светот Бурџ Халифа.
Становите ќе имаат приватни базени на надворешни тераси кои ќе се вртат околу фасадата на зградата, оставајќи впечаток на каскадна вода. Пентхаусот на последниот кат ќе ги поврзе двата облакодера, вклучувајќи базен во улога на мост.
Двете згради ќе бидат поставени на подиум, кој ќе содржи зелен простор, ресторани, теретана, продавници и серија внатрешни и надворешни базени за жителите.
(Фото: Дезин)