ОСМА ГОДИНА ПО РЕД, СИНГАПУР ГО ИМА НАЈДОБРИОТ АЕРОДРОМ НА СВЕТОТ

Париз, (Си-Ен-Ен)
The skytrain rides past the Rain Vortex at the Jewel Changi Airport on December 05, 2019 in Singapore. (Photo by WF Sihardian/NurPhoto via Getty Images)

Во периодот кога малку луѓе патуваат, а најголем дел од летовите се откажани, „Скајтрекс“ го објави победникот на годинашниот избор за најдобар аеродром на светот. Осма година по ред, со оваа титула се закити аеродромот во Сингапур, „Ченги“, а дури осум од најдобрите десет се наоѓаат во Азија.

„Ченги“ не престана да се модернизира откако беше отворен во 1981

Доделувањето на наградите требаше да се одржи на 1 април во Париз, но беше откажано поради коронавирусот, па на крајот, настанот одеше во живо на Јутјуб. „Скајтрекс“ го избра победникот преку анкета во која учествувале патници од над 100 држави, а предвид биле земени 550 аеродроми.

„Ченги“ беше отворен во 1981 година и оттогаш не престана да се модернизира и да додава нови содржини. Лани во своите рамки отвори и зелена оаза со најголемиот водопад во затворено на светот. Структурата од 134.000 квадратни метри е наречена Скапоцен камен и во неа се вложени 1,7 милијарди долари.

„Ченги“ изобилува со зеленило

Освен со своите големина, архитектура и комфор, „Ченги“ воодушевува и со изборот на храната, па тука можат да се најдат ресторани со малајска, кантонска, корејска, виетнамска, западна, сингапурска, индиска кујна…

На второто и третото место во изборот се најдоа „Ханеда“ во Токио и „Хамад“ во Доха. Во топ 10, Јапонија има повеќе претставници (четири) од цела Европа (Минхен и Амстердам).