РЕАЛ МАДРИД ПОЧНУВА СО ОБНОВА НА „БЕРНАБЕУ“ ЗА ДА ГО НАПРАВИ НАЈДОБАР СТАДИОН НА СВЕТОТ

Мадрид, (Би-Би-Си)

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, го претстави планот за четиригодишна обнова на „Сантјаго Бернабеу“, што ќе го направи „најдобар стадион на светот“. Плановите, меѓу другото, предвидуваат стадионот да добие подвижен покрив.

Иако ќе добие нова секција за гледачи, стадионот ќе го задржи капацитетот од 81.000 седишта, а клубот ќе продолжи да игра додека се одвива реконструкцијата.

(Фото: Ројтерс)

Покрај тоа што ќе добие нови забавни содржини, ќе биде поставен и екран од 360 степени, а фасадата ќе биде модернизирана и обложена со челични ленти, за да можат на неа да се проектираат снимки.

„Во кратки црти, сакаме ова да биде голем дигитален стадион на иднината. Сместен во срцето на Мадрид, тој ќе биде најдобар стадион на светот. Новиот стадион ќе му помогне на клубот да расте и да остане конкурентен“, изјави Перес.

Се проценува дека реконструкцијата ќе го чини клубот 400 милиони евра. Отворен во 1947 година, Реал досега потроши повеќе од 250 милиони евра на негово усовршување.