ХОТЕЛ ВО АНГЛИЈА НУДИ ЧАСОВИ ПО ЈОГА СО ЛЕМУРИ

Лондон, (Телеграф)

Ако сакате да станете експерт по јога, пожелно е да ги проучувате позите на лемур, порачуваат од хотелот „Лејк дистрикт“ во англиското гратче Арматвејт Хол.

Ова е прв хотел на светот кој воведе сесии на таканаречената „лемога“, при што гостите се охрабруваат да вежбаат во друштвото на овие пријателски суштества, кои често природно седат во лотус позицијата.

(Фото: ПА)

„Тие на тој начин си ги топлат мешињата на сонце“, вели Ричард Робинсон, менаџер на хотелот.

Тој додава дека луѓето и лемурите, вид примати со потекло од Мадагаскар, се идеални партнери.

„Убаво е да се поттикнуваат луѓе да поминуваат време со лемури. Мислам дека не можете да видите несреќен чувар во зоолошка градина. Ние целото наше време го поминуваме со животни и убаво се чувствуваме“, вели Робинсон.

Инструкторите по јога велат дека животните поттикнуваат среќа и смиреност.