ТАМАРА ЈОЛЕВСКА-ПОПОВ ЈА ПРОМОВИРА СВОЈАТА ВТОРА ЗБИРКА РАСКАЗИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новата збирка раскази на Тамара Јолевска-Попов, насловена „Скопје, ти раскинуем“, ќе биде промовирана вечерва во кино Фросина во Младински културен центар, со почеток во 20 часот.

Триесет и двегодишната Јолевска-Попов долги години е присутна на независната уметничка сцена, а првата збирка раскази „Ге-дур“ ѝ излезе во 2013. Таа е автор и на неколку необјавени драмски текстови. Новата книга е во издание на „ПНВ публикации“.

„‘Скопје, ти раскинуем‘ ја препорачувам на храбриот, урбан женски читател. Машкиот читател, но само оној со високо ниво на тестостерон и со бестрашен ум за размисла, што, се плашам, е ретка публика, ќе ја разбере Тамара од прва“, вели еден од промотерите на книгата, Деспина Мукоска.