СТАДИОН НИЗ КОЈ МИНУВА ПРУГА Е МЕЃУ НАЈЧУДНИТЕ СТАДИОНИ НА СВЕТОТ

Лондон, (Дејли мејл)

Британскиот весник „Дејли мејл“ ја состави листата на најчудните фудбалски стадиони на светот, а на неа се најдоа и два од поранешна Југославија.

ТЈ ТАТРАН (СЛОВАЧКА)

Навивачите на аматерскиот клуб од селото Черни Балог веќе се навикнаа одвреме-навреме воз и чад да им го попречуваат погледот. Тоа е затоа што пруга минува низ теренот и трибината на стадионот. Овој стадион е изграден во 1980 кога пругата не била во употреба, но по реновирањето во 1990-тите, беше вратена во функција.

ЛУТОН ТАУН (АНГЛИЈА)

На прв поглед, Оук роуд е типична улица во Англија, со таа разлика што оттаму има два влеза на стадионот на Лутон таун. Капиите шест и седум се наоѓаат веднаш до два имота и оттаму навивачите се качуваат по метални скали до трибините од Е до Г.

ВОЖДОВАЦ (СРБИЈА)

Се наоѓа на врвот на трговскиот центар „Стадион“ во Белград. Отворен е во 2013 и има капацитет од 5.000 седишта.

БАТАРИЈА (ХРВАТСКА)

Овој терен се наоѓа во градот Трогир и е сместен меѓу две тврдини од 15. век.

ОПШТИНСКИ СТАДИОН ВО ЕЛ АЛТО (БОЛИВИЈА)

Сместен на надморска височина од 4.150 метри, ова е еден од највисоките професионални стадиони на светот. Фудбалската репрезентација на Боливија вообичаено игра во Ла Пас, кој се наоѓа 559 метри пониско од Ел Алто, но тој беше домаќин на квалификациската средба со Венецуела оваа година.

(Фото: Шатерсток/АФП)