Тајван го доби најголемиот центар за изведувачки уметности на светот, со отворањето на Националниот центар за уметности Каошсуинг на површина од 141.000 квадратен метар. Центарот е познат по името Виевуинг, според паркот во близина.

Под еден покрив се сместени оперска куќа со 2.236 седишта, концертна сала со 1.981 седишта, театар со 1.210 седишта, како и сала за рецитали со 434 седишта. Има и петта сала, така што покривот на зградата се спушта и се отвора нова сцена, која гледа кон паркот.
Уметничкиот центар е дело на холандското архитектонско студио „Микану“.
Меѓу настаните кои се најавуваат од 1 јануари 2019 година се концертите на Берлинската филхармонија со диригентот Густаво Дудамел и шпанската атракција Ла Фура делс Баус.