ВО КИНА ОТВОРЕН МУЗЕЈ ДОЛГ ЕДЕН КИЛОМЕТАР

Кина, (Дезин)

Јапонскиот архитект Јунија Ишигами го претстави еден километар долгиот уметнички музеј „Заишуи“, изграден на езеро во Кина. Тој содржи отвори низ кои водата ќе тече по подот на музејот.

Сместен во вештачко езеро на влезот во нова развојна зона во Рижао во кинеската провинција Шандонг, линеарниот музеј од 20.000 квадратни метри се протега од еден до друг брег на езерото. Ишигами вели дека сакал да создаде впечаток дека музејот излегува од езерото.

Паралелните столбови се издигнуваат од дното на езерото за да поддржат тенок бетонски покрив со суптилно брановидна форма. Стаклена облога е вметната меѓу столбовите за да можат посетителите да имаат поглед на езерото, при што Ишигами намерно оставил празни места каде што подот на зградата се среќава со површината на езерото. Тоа овозможува водата да навлезе во музејот, потопувајќи делови од подот. Во зима, кога површината на езерото ќе замрзне, водата и натаму ќе може да тече во внатрешноста на зградата.

Од двете страни на музејот има пешачки патеки кои го поврзуваат објектот со брегот, каде што посетителите можат да ја искусат природата околу него.