ВО КИНА ВЕЌЕ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ГРАДАТ КОПИИ НА СТРАНСКАТА АРХИТЕКТУРА

Пекинг, (Би-Би-Си)

Од англиски градови преку алпски села до Ајфелова кула, копии на странската архитектура можат да се видат насекаде низ Кина.

Владата сега одлучи да стави крај на плагијаторството и во исто време ја забрани изградбата на облакодери повисоки од 500 метри.

Триумфална порта, ама во Вухан (Фото: Гети)

„Плагијати, имитации и копии ќе бидат забранети при дизајнирањето на нови јавни објекти. Зградите ја откриваат културата на еден град и огромни, чудни и странски дизајни треба да бидат ограничени“, се вели во соопштението на кинеската влада.

Во минатото, голем број споменици и згради во Кина се градеа како директни реплики на светски знаменитости, како Тауер бриџ во Лондон, Триумфална порта и Ајфелова кула во Париз и Сиднејската опера. Во областа Сонгџијанг во Шангај постои имитација на англиски град.

Владата не кажа што ќе се случи со веќе постоечките „странски“ згради, освен дека ќе има инспекции по градовите.