Луксузна вила на брегот на југоисточна Франција се очекува да го добие епитетот најскапо продадена куќа во историјата , за цена од 410 милиони долари.

Вилата „Ле седр“ е стара 187 години, зафаќа површина од 18 000 квадратни метри, а ја продава италијанската компанија  „Давиде Кампари-Милано СпА“, кои се надеваат дека комбинацијата на историја, луксуз и врвна локација, во близина на Ница на брегот на југоисточна Франција, ќе биде примамлива за купувачите.


Вилата е изградена во 1830 година , има 14 спални соби, а салоните се декорирани во француски стил, со масивни кристални лустери, и дрвени подови.

Во градините има 14.000 видови на растенија, вештачко езеро со лотосови цветови, како и маслинови дрвја стари 300 години.

Во библиотеката од дрво има 3.000 книги за флора и фауна, меѓу кои и издание од 1640 година за ботаника, која вреди повеќе стотици илјади евра. Книгата е вклучена во финалната сума.

Новите сопственици, за први соседи ќе ги имаат ко-основачот на „Мајкрософт“ Пол Ален и композиторот Ендру Лој Вебер.

Во библиотеката од дрво има 3.000 книги за флора и фауна, меѓу кои и издание од 1640 година за ботаника

Сопствениците се надеваат дека комбинацијата на историја, луксуз и врвна локација, во близина на Ница на брегот на југоисточна Франција, ќе биде примамлива за купувачите