СО ЗАДОВОЛСТВО БИ ДОШОЛ ПАК, ИЗЈАВИ СТИНГ ПО СПЕКТАКУЛАРНИОТ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Легендарниот британски музичар Стинг порача дека со задоволство би се вратил во Скопје, одржувајќи спектакуларен концерт во салата „Борис Трајковски“, што успеа да ја распродаде во еден ден неколку месеци порано.

Ви благодарам, треба да се вратиме повторно овдека“, кажа 66-годишниот Стинг, откако публиката по вторпат го врати на бис.

Многумина прокоментираа дека ова е едно од најубавите музички доживувања што ѝ се случиле на Македонија, откако Гордон Самнер, придружуван од својот син Џо, нѐ почести со некои од најголемите хитови од неговата повеќедецениска кариера.

Како ретко кога во Македонија, озвучувањето и осветлувањето функционираа беспрекорно, соодветно на ваква музичка величина.

Стинг немаше можност подобро да се запознае со Скопје и Македонија, бидејќи само што беше пристигнат од Будимпешта, а веќе наредниот ден имаше закажано настап во Романија.

Г. КОНЕВ