БАНКСИ ГО ПОТВРДИ ДЕЛОТО ШТО СЕ ПОЈАВИ НА ЗАТВОР ПРОСЛАВЕН ОД ОСКАР ВАЈЛД

Рединг, (Би-Би-Си)

Мистериозниот графити уметник Банкси потврди дека делото што се појави на ѕидот на затворот во Рединг е негово.

Делото прикажува затвореник како се спушта по јаже направено од постелнини, врзано за машина за пишување. Тоа се појави по кампањата која лобира некогашниот затвор да биде претворен во уметнички центар, место да се продаде на инвеститори. Владата го продава затворот од 2019 година.

„Свесни сме дека Банкси ја презеде одговорноста за графитот. Ги разгледуваме следните чекори и ќе известиме за нив“, соопшти министерството за правда, кое се наоѓа под притисок на градските власти да го пренамени затворот во културно-уметнички комплекс.

Затворот има и историска вредност бидејќи е овековечен во поемата „Балада за Рединг Гаол“ на Оскар Вајлд, кој бил затворен тука од 1895 до 1897 година.