БЕЛ, ГАСТОН И СПАЈДЕРМЕН ЗАЕДНО НА ВИМБЛДОН

Лондон, (Дејли мејл)

Актерката Ема Вотсон и колегите Лук Еванс и Том Холанд беа меѓу ѕвездите кои вчера го следеа финалето на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон.

Еванс на Инстаграм објави групна фотографија со пост: „Бел, Гастон и Спајдермен влегоа на финалето во машкиот тенис“, алудирајќи на нивните последни улоги.

Том Хидлстон / Бенедикт Камбербач (Фото: Гети)

Вотсон (28) и Еванс (39) ги играа Бел и Гастон во блокбастерот „Убавицата и ѕверот“, а Холанд (22) се појави како Спајдермен во „Капетан Америка: Граѓанска војна“, „Спајдермен: Враќање дома“ и „Одмаздници: Војна на бесконечноста“.

Меѓу останатите славни личности, на трибините беа и други стриповски суперхерои, како Том Хидлстон (Локи) и Бенедикт Камбербач (Доктор Стрејнџ).