ДЕЛО НА БАНКСИ ПОСВЕТЕНО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ПРОДАДЕ ЗА 23 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Лондон, (АП)

Слика на Банкси посветена на пожртвуваноста на здравствените работници во ковид пандемијата се продаде за рекордни 23.2 милиони долари, објави аукциската куќа „Кристис“. Парите од продажбата ќе бидат наменети за здравствени и хуманитарни организации низ Велика Британија.

Делото на мистериозниот графити уметник насловено „Game Changer” се појави лани во мај на ѕид на болницата во Саутемптон.

Делото прикажува момче кое се игра со играчка во форма на медицинска сестра-суперхероина, додека фигурите на Бетмен и Супермен се фрлени во корпа за отпад.

Според „Кристис“, ова е светски рекорд за дело на Банкси, а репродукција од делото ќе остане во болницата.