„Астон Мартин“ го претстави својот прв мотоцикл во 106-годишната историја на компанијата. Едноставно наречен „АМБ 001“, тој е направен во соработка со уште еден британски бренд со еден век традиција, „Броу супириор“.
Тие се инспирираа од последните автомобили на „Астон Мартин“ за да создадат „концепт на уникатен, модерен, лесен и моќен спортски мотоцикл“, кој притоа е и уметничко дело со одлични перформанси.
Тежок само 181 килограм, „АМБ 001“ го придвижува турбомотор од 182 коњски сили, а во негова изработка се користени врвни материјали, како јаглеродно влакно, алуминиум и титаниум.
Планирано е да бидат произведени само 100 примероци, а цената ќе биде 108.000 евра.