БАР НА МЕНХЕТН ПРЕТВОРЕН ВО ЧОКОЛАДНАТА ФАБРИКА НА ВИЛИ ВОНКА

Њујорк, (ДПА)

Угостителите во Њујорк почнаа да им нудат места на возрасните, кадешто тие ќе можат да го ослободат детето во нив, па еден бар беше претворен во слатка фабрика, барем во изгледот и листата на пијалоци.
Со јасна алузија на детската класика од Роалд Дал „Чарли и фабриката за чоколади“, бар на Менхетн продава коктели во светли бои, украсени со благи.

Така еден од пијалоците се служи во мала машина за гуми за џвакање. Во дел од пијалоците се додава пена од цимет или од бел слез или меласа. Пијалоците се служат и со додатоци, како желе бонбони и гумени бонбони со вкус на пиво, а се служат и пуканки со боја на виножито.

Објавена во 1964 година, „Чарли и фабриката за чоколади“ ја раскажува приказната за сиромашното семејство на Чарли Бакет. Чарли добива златен билет, што му овозможува посета на бизарната и во исто време фабрика од соништата на славниот производител на чоколади, Вили Вонка. Чарли во друштво со неговиот дедо ја добива наклонетоста на Вонка во натпревар со четири други богати и разгалени деца.