БЕЛГИСКИ УЛИЧЕН УМЕТНИК ИСПРАЌА ПОРАКА СО СВОИТЕ МУРАЛИ НА ЖИВОТНИ

Брисел, (Гардијан)

Белгискиот графити уметник РОА е познат по своите огромни црно-бели мурали на ендемски и загрозени животински видови кои красат згради низ цел свет.

Лас Вегас

Тие сега се документирани во книгата „Кодекс“, која го доловува не само неговиот неверојатен талент, туку и моќната порака што ја испраќа неговата улична уметност, што може да се пронајде на четири континенти.

„Истражувањето на природата, пред сѐ на животинскиот свет, може да доведе до зголемена емпатија“, вели РОА.

Бангкок

Истакнувајќи ја анатомијата, тој се обидува да ги оживее своите дела, давајќи им енергија и живот на видовите што човекот често не ги почитува.

Перт
Сао Пауло
Сан Хуан (Порторико)
Вардо Вадсон (Норвешка)
Атланта