Во Зоолошката градина во Скопје денеска е поставен еден од трите диносауруси, скулптури на уметникот Андреј Миневски. Тие се изработени од рециклиран железен отпад и досега беа во паркот во населбата Автокоманда.
Диносаурусите во Зоолошката ќе стојат до јуни, а авторот Миневски ќе прави еден и на самото место.
„Со донирањето на овие скулптури, авторот се вклучи во нашата кампања за разубавување на Зоолошката, ‘Креирај и донирај‘. Повикуваме и други уметници и графитџии да се вклучат во оваа кампања и преку цртање на ѕидовите и на патеките, таа да добие нов лик“, велат од Зоолошка.