„Сеат“, кој е во сопственост на „Фолксваген“, го покажа концептот на својот прв електричен автомобил, за кој најавува дека следната година ќе оди во сериско производство. Претходно, во ноември 2019, почнува производството на конкурентскиот електричен „фолксваген“ со големина на „голф“.
„Ел-борн“ е именуван според предградието на Барселона каде што е дизајниран и според официјални информации, тој ќе има досег од 420 километри, благодарение на батериите со капацитет од 62 киловат/часови. За да се наполнат до 80%, ќе бидат потребни само 47 минути.
„Нашиот дизајнерски тим сериозно му пристапи на предизвикот нашиот прв целосно електричен автомобил да го направи атрактивен. Мислам дека електричните автомобили треба да бидат возбудливи и забавни. Сакаме нашите муштерии да се вљубат во идејата на електричен автомобил“, изјави директорот на дизајн во шпанската автокомпанија, Алехандро Месонеро-Романос.
Најсилната верзија ќе има 204 коњски сили и ќе овозможува забрзување до 100 км/час за 7,5 секунди.