За својот 110. роденден, „Бугати“ им се враќа на корените.
Француската автокомпанија се сети на „бугати тајп 35“, својот славен тркачки автомобил познат и како „бугати бејби“ и го возобнови во модерно издание.
Ограничената серија „бугати бејби 2“ има електричен погон, режим на возење за деца и за возрасни и цена од 30.000 евра.
„Бејби 2“ има сличен изглед како оригиналот, но е помал. Во детскиот режим на возење, тој најмногу може да развие 20 километри на час, додека за возрасните, максималната брзина е 45 км/час.
Почнувајќи од оваа есен, „бугати бејби 2“ ќе биде произведен во само 500 примероци.