„ФЕРАРИ ОМОЛОГАТА“ – УНИКАТЕН МОДЕЛ ШТО ДВЕ ГОДИНИ СЕ ПОДГОТВУВАШЕ ЗА ТАЕН КЛИЕНТ

Милано, (Бизнис инсајдер)

Ферари“ го претстави својот најнов уникатен модел „омологата“, изработен по нарачка од муштерија чиј идентитет веројатно ќе остане тајна. Од компанијата само кажаа дека е направен за „дискретен европски клиент“.

Омологата“ е десетти еднократен модел на италијанската компанија создаден во изминатите десетина години. Подготвуван две години, тој се базира врз моделот „812 суперфаст“, кој имаше В12 мотор со 789 коњски сили. Неговата цена исто така останува тајна.

„‘Омологата‘ е инспириран од научна фантастика и модерна архитектура. Ова не е музејско парче, туку ги исполнува истите квалитети и возачки стандарди како регуларните модели“, соопшти компанијата.